Главните поддржувачи на СДСМ и на ДУИ, Алтернатива и одбегнатиот пратеник од Беса, Кастриот Реџепи, ќе ја поддржат Владата и без тоа што веќе е јасно дека во декември нема да има датум за преговори со ЕУ.
Иако токму датумот и почетокот на преговорите беше главниот услов тие за само неколку денови да го сменат ставот и од потписи за недоверба на владата да ја поддржат истата влада.
Сега партијата на Гаши и Реџепи имаат нова мантра, наместо во декември датум ќе имало во јануари иако и на нив им е повеќе од јасно дека тоа нема да се случи.
Најавите од новиот премиер на Бугарија Кирил Петков се повеќе од јасни дека на утрешниот Самит на ЕУ нема да ја промени одлуката.Со други зборови ќе има ново вето.
Секако за поздравување е неговиот нов пристап за формирање на работни групи на кои ќе се разговара за инфраструктура, култура, економија а не само за историја.Таквите групи нема да го решат спорот но ќе создадат нова клима во следните шест месеци. Тоа значи дека до јуни сигурно нема да има решение.
„Киднапираниот“ Реџепи иако имаше „сигурни“ информации од неговата сопруга која на телевизија го слушнала претседателот на Франција Макрон каков рекол дека ќе има преговори дека датум ќе има во јануари.
Единствен став нема ниту во Алтернатива. Пратеникот Скендер Реџепи најпрво рече дека ако нема датум треба добро да се размисли дали треба да влезат во владата.Но, така не мисли раководство на партијата на чело со Гаши.
Портпаролот Орхан Муртезани вели дека „од нив не зависело решавањето на спорот со Бугарија, ниту одлуката за отворање преговори со ЕУ, иако нивното вклучување во владата го помогнало овој процес“.
Comments are closed for this post.