Во радиоемисијата на италијанското радио Радио Каподистри Гајсер, Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.
Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив – вели Гајсер.
Тој посочува дека се разоткри системска корупција, политичка и судска.
Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – додава новинарот.
Тој коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е готова. Според него Заев нема меѓународен кредибилитет и навестува промена на премиер.
Comments are closed for this post.