Екс-потпретседателката на владејачкиот СДСМ и пратеничка Фросина Ременски од 9,30 часот утрово се наоѓа во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде дава исказ за случајот „Рекет“.

Ременски е повикана како лице кое може да даде посебни информации важни за натамошниот тек на истрагата. Во обвинителството дојде без адвокат.

Во времето кога во јавноста се појавија првите текстови за случајот „Рекет“, Ременски беше меѓу првите, која се споменуваше за можна поврзаност со Боки 13, зашто беше почесен претседател на неговата невладина организација. Но, таа на неколку пати ги отфрлаше гласините и сомнежите за вмешаност во аферата.

Пред влегувањето во обвинителството Ременски најави изјава по завршувањето на распитот.

Неодамна, при последното проветрување во партиските редови, Ременски, без никакво објаснување, беше разрешена од функцијата потпретседател на СДСМ.