Во 2020 година Европскиот совет донесе една многу важна одлука да излезе и да каже дека сега е време и ветивме да ги започнеме преговорите за пристапување на С Македонија и Албанија. Европскиот совет донесе конечна одлука и затоа е важно заедно да ја исполниме.

Ова меѓу другото го изјави на прес-конференцијата во Владата на Република Бугарија за време на денешната посета претседателката на Европкста комисија Урсула фон дер Лајен, коментирајќи ја европската интеграција на Македонија и Албанија.

– Сакам да ја поздравама Бугарија за целата поддршка во регионот, што се однесува до добрососедските доноси. Мислам дека е важно да имаме јасен приод кон задачите, што ни претстојат. Сакам да потсетам дека во 2020 година Европскиот совет донесе една многу важна одлука да излезе и да каже-сега е време да ги започнеме пристапните преговори со РСМ и Албанија. Европсдкиот совет донесе конучна одлука и е многу важно да ја исполниме заедно. Сакам многу јасно да кажам дека темата за заштита на малцинствата е основна вредност на ЕУ. Тоа е членот 2 на нашиот договор за здружување. Тоа е важна тема и во целиот тој процес таа се издвојува. Затоа е важно во овие тешки времиња ние да го исполниме нашето ветување кон нашите соседи. Ова е многу бурно и тешко време и тоа ќе ја одреди иднината на Европа. Ништо нема да биде исто како пред војната. По војната ќе биде различно и треба да ги исполниме ветувањата кон нашите партнери и пријатели. Затоа сметам на Бугарија, дека може умешно да го води процесот. Знам дека тоа можете да го направите, изјави фон дер Лајен.