Владата на ФИРОМ го започна процесот за менување на Уставот на земјата, откако  нивниот парламент го одобри Договорот од Преспа со Грција. Уставните измени во Македонија главна тема во грчките медиуми.

Тие известуваат дека се поднесени четири уставни амандмани.

Катимерини пишува дека Парламентот на ФИРОМ ќе гласа на  1-ви декември за четирите уставни амандмани што ги бара Грција за да се исполни договорот со кој ќе се стави крај на спорот за името.

Весникот потсетува дека во петокот во Атина се одржа првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерто на Грција и БЈРМ за историски, археолошки и образовни прашања.

Според соопштението од Министерството за надворешни работи, комисијата одлучи да работи на остранување на иредентистички референци кои беа вклучени во минатото во учебниците, исполнѕувајќи го членот 8 од преспанскиот договор, пишува Катимерини.