Фирмите во кои Заеви биле сопственици не сакаат да платат 1 милион евра данок, а годишно вртеле по 50 милиони, се вели во партисткото соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Сара Јавор, Сара Инжинеринг и Дравас се трите фирми кои заедно кон државата должат 1 милион евра на име даноци. Овие три фирми се редовни на листата на должници на УЈП, заедничко за сите три е што во истите во сопственичката структура во извесни периоди се јавувал Вице Заев. И ако фирмите на граѓаните имаат блокирани сметки и при најмал долг кон УЈП, тие на Заеви работат без проблем и кога должат милиони. Да биде трагедијата уште поголема е фактот што фирмите на Заеви вртат и до 50 милиони евра годишно, но долгот кон државата не го плаќаат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е принципот од голтар преку СДСМ до милионер кој го применува Заев, Ковачевски, Каевски и другите функционери од СДСМ, додаваат од таму.
Comments are closed for this post.