Само 24 часа откако објави дека операции на промена на полот ќе се прават на сметка на фондот, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се демократи и затоа ги послушале реакциите на јавноста.

Не стануваше збор за кој знае колкав број на пациенти . Станува збор за еден човек кој што со години талка низ лавиринтите, барајќи помош од повеќе специјалности, затоа што тоа е комплексен проблем, затоа што тоа не е работа која може се реши преку ден. Но ги почитуваме ставовите во јавноста реакциите, ние сме демократи ги прифаќаме сметаме дека е легитимно да ретерираме и тоа беше причината”