Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител ТВ, најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.
Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Филипче.
Тој вели целта е да се дозволи учениците да се вратат на училиште, но тоа мора се прави чекор по чекор. Како ќе се одрази почетокот на школската година врз епидемиолошката состојба, се очекува да се види кон крајот на октомври.
Ако ова сериозно не ја пореметува епидемиолошката ситуација во месец ноември ќе носиме друга одлука, да размислуваме за децата кои се во шесто одделение или прва година средно училиште. Чекор по чекор, но не сите нагло во затворена просторија“, вели Филиче.
Comments are closed for this post.