Имаме капацитет да ги направиме сите потребни тестови. Меѓутоа, тоа не беше ставено во протоколот. Можеби треба да се промени. Апсолутно со сите капацитети ќе излеземе во пресрет да обезбедиме безбедност. Мислам дека самиот протокол којшто вклучува и на попишувачите и на граѓаните е сосема доволен затоа што ги прати истите принципи на превенција на болеста. Никаде каде што имаше почитување на принципите на превенција ние не видовме проблем. Само таму каде што имаше прекршување на мерките, изјави Филипче.

Тој нагласи дека со сите капацитети ќе излезат во пресрет за да обезбедат безбедност на попишувачите што ќе го спроведуваат Пописот на населението.