Министерот за здравство Венко Филипче од пред неколку дена знаел за скандалот во битолската болница каде гинеколог ѝ дозволил на својата сопруга, која не била вработена таму, да породи жена со царски рез. Но, до вчера додека скандалот не беше објавен во медиумите не презел ништо во врска со овој случај.

Не сум го слушнал докторот Чакароски. Немав контакт во врска со ова прашање. Нѐ информираше директорката дека има ваков случај во текот на изминатата недела а вчера излезе во медиуми – рече министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ќе го чека официјалниот извештај за да даде став за ова прашање.