Од први ноември ќе има зголемување на капитацијата на матичните лекари со цел да им се излезе во пресрет на лекарите, најави министерот за здавство, Венко Филипче. Како што истакна Филипче, ваквата одлука ќе им помогне за да ги надминат финансиските проблеми со коишто се среќаваат во секојдневното работење и им создаваат проблеми во пристапот што го обезбедуваат за пациентите и квалитетот на здравствена заштита.

Притоа, министерот објасни дека калкулациите за тоа колку ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари ќе ги имаат во следните неколку месеци.

Зголемувањето ќе биде значајно во смисла на тоа проблемите со кои тие се соочуваат многу полесно да ги надминат пред се во обезбедување средно медицински кадар за кој и сега одделуваат одредена сума пари, за да ја платат како дел од задолжителниот тим пропишан со законот – изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.