Масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општата болница во Кочани.
Секојдневно во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со Ковакс системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме – изјави Филипче.
Оцени дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро и дека кога таа ќе заврши ќе имаме сериозно висок процент на вакцинирани здравствени работници, особено на оние што работат со ковид пациенти.
Онаа прва група вакцинирани здравствени работници од 4000 доктори се вакцинираше целосно и таа група се ревакцинира со вакцината на Фајзер. Дополнително со руската вакцина уште 700-800 лекари од 3000 треба да завршат. Буквално во сите болници, ЈЗУ, лаборатории, ПЗУ, матичните лекари, стоматолози…, сите категории здравствени работници се вакцинираат со динамика која самите ЈЗУ ја даваат, односно сите што работат со пациенти заболени од ковид. Вакцинацијата добро се одвива и кога таа ќе заврши ќе имаме сериозен висок процент на вакцинирани здравствени работници посебно оние што работат со ковид. Ќе бидат сите заштитени да можат како најкритична група посебно сега соочувајќи се со овој бран да работат заштитено – истакна министерот за здравство.
Comments are closed for this post.