Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека партијата на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници. Тој истакна дека процесот на избор на кандидати ќе се спроведе преку широк консултативен процес, во прв ред со членството, а потоа и со сондажи меѓу граѓаните.

Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат“, напиша Филипче на Фејсбук.

За разлика од него, лидерот на ДУИ се закани со дестаблизација и оневозможување да се одржат локалните избори доколку Уставнниот суд чепне во албанскиот јазик.