Министерот Венко Филипче го угости во својот кабиет професорот д-р Драган Даниловски на кого вели, му изразува посебна благодарност за целиот придонес во Ковид кризата.
Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Даниловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката, напиша Филипче на фејсбук.
На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодараност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес…
Posted by Венко Филипче on Tuesday, December 29, 2020
Comments are closed for this post.