Според сознанијата со кои располагам, се чини дека фингерајката околу оставката поради морални причини од страна на Министерот Венко Филипче ќе биде неговата најмала грижа.
Многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност открива Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи поминаа точно 10 дена од страдањата и пожарот во болницата во Тетово, а до сега не видовме НИКАКВА, ама буквално никаква реакција од обвинителството освен празни ветувања дека истрагата е во тек, денеска јавно ќе поставиме прашање до Министерот Филипче:
Дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, сте биле предупредени од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, дали на состанокот настанала караница по што лицето што Ве предупредило за панелите, било избркано од состанокот?Или да го преформулирам прашањето: Дали Министре знаевте, но сепак свесно тргнавте по брзите пари?Одговорете кратко и јасно со Да или Не.
…Во меѓувреме ОЈО нека дреме, истрагата ние ќе ви ја водиме
Comments are closed for this post.