Пратеничката на Алтернатива Сафије Садики пред неколку денови откри дека македонската влада јасоставувале луѓе од Косово и Албанија.Кога лани Алтернатива влезе во Владата за тоа лобирале  албанскиот премиер Еди Рама и семејството на основачот на УЧК Адем Јашари.

Изјавата на Садики е прва официјална изјава на македонски политичар дека македонската влада била формирана со директни влијанија од Албанија и Косово што не беше демантирано ниту од Заев ниту од Ковачевски.

Но кој  е всушност Беким Јашари. Тој е внук на основачот на УЧК Адем Јашари кого српската полиција го уби во 1998 година.

Јашари помладиот важи за голем радикал и поддржувач на Голема Албанија. Има 48 години и четири деца. Од 2017 до 2021 година беше градоначалник на општина Скендерај.