Прашан за тоа колку неговите изјави за македонскиот јазик се контрапродуктивни за Преспанскиот договор и дали има сознанија дека Грција подготвува анекс на тој дел од договорот, Заев со одговор дека нема таков анекс договор и дека е во постојана комуникација со грчкиот премиер Ципрас.

Ист документ различно го толкуваат

Секако, она што е важно мораме да внимаваме од двете страни на реториката. Факт е дека во договорот стои македонски јазик, факт е дека е дел од јужнословенската група на јазици и тоа е нешто што е прифатливо и е дел од договорот, како што е факт дека ние ќе бидеме Република Северна Македонија. Треба да внимаваме заради тоа што нашето право на самоопределување, нашето право на користење на нашиот македонски јазик е прифатено и е признаено од Грција.