Европскиот сојуз на музичките училишта е организација која обединува 25 национални сојузи на музички училишта и зборува во името на 600 училишта, 150 000 наставници и 4 милиони ученици.
По најавите за промени во образовниот систем кои сакаат да ги наметнат Зоран Заев и Мила Царовска, овие стручни лица со коментар за тоа колку ваквите измени можат да бидат штетни поради фактот што предметот музичко е многу важен.
Како таква организација ние му го придаваме најолемо значење на музичкото образование не само во музичките училишта, но исто така и на музиката во училиштата, особено основните училипта и развиваме тесна соработка со Европското здружение за музика во училиштата.
Денеска е општо прифатено и научно докажано дека музичкото образование развива кај децата не само уметнички туку и образовни, социјални и граѓански способности.
Музиката им помага децата да го развијат и зајакнат нивниот карактер и ги подобрува нивните училишни резултати.
Заради сите наведени причини, ние го поддржуваме развојот на музичкото образование низ цела Европа и во музичките училишта и во училиштата воопшто.
Се надеваме дека тоа ќе биде случај и во Република Македонија и ќе Ви бидеме благодарни ако не информирате со развојот на состојбата во Вашата земја, се наведува во дописот потпишан од Филип Даларун, претседател на Европски сојуз на музичките училишта.
Comments are closed for this post.