Европската Комисија истакнува дека унгарските власти за сега не потврдиле дека одобриле азил за поранешниот премиер Никола Груевски.
Поради тоа, ЕК сѐ уште не дава различни коментари од оние кои ги дава последните денови, а тоа е дека процесот не треба да се политизира и дека сите треба да ги почитуваат принципите на владеење на правото, земјите членки како земјите кандидати. Правилото е дека земјите индивидуално одлучуваат за одобрување азил, но ЕК потсетува и дека после години назадување Македонија остварила „добар прогрес“ во оваа област, што е потврдено од страна на земјите членки во јуни.
Еврокомесарот Јоханес Хан порача дека од Виктор Орбан ќе бара објаснувања доколку извештаите дека е одобрен азил за Груевски бидат потврдени.
Comments are closed for this post.