СВР Тетово поднесе кривична пријава против 30-годишна жителка на струшкото село Горно Татеши поради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Таа на 17 септември годинава на социјалните мрежи Фејбук и Инстаграм креирала лажни профили на име на 36-годишниот С.З. од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што на нив објавувала компромитирачки фотографии.