Патоказот со пет плус едно прашање како можно решение за спорот вчера беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија, кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.
Потпретседателката на ЕК, Фон дер Лајен на завршната прес-конференција на Самитот, порача дека неотворањето преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитет на ЕУ и поддршка во регионот.
– Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија, тоа се „пет плус едно“ прашање, за да се состави патоказот, како практичен чекор кон решавање на овој проблем, рече Фон дер Лајен.
Како што јави известувачот на МИА од Брдо кај Крањ, таа во овој контекст додаде дека дијалогот, волјата за решавање проблеми и капацитетот да се решаваат тешки и сложени прашања, се во срцето на она што е и самата Европска Унија. Таа изрази уверување дека овие прашања можат да се решат.
– Свесна сум за фактот дека прво треба да ги решиме прашањата, тука е билатералниот спор меѓу Бугарија и Македонија и убедена сум дека ќе најдеме решение, а важна беше и силната поддршка за ова изразена на Самитот,
Comments are closed for this post.