Македонија денеска го започнува скрининг-процесот со Европската унија. Но, сигурно малкумина знаат што значи скринингот и колку е тој значаен.
Професорката Билјана Чавкоска чија специјалност се евроинтеграциите за „Pressing Tv“ објаснува дека скринингот е анализа од страна на Европската комисија кон државата кандидат за да се процени дали ги задоволува условите за членство.
-Тоа трае една година и се одвива поглавје по поглавје. Во текот на скринингот може да бидат наметнти одредени прашања кои би биле проблематични во текот на преговорите, но тој процес на скрининг не се отвораат одредени решенија за тие проблеми кои би се појавиле во текот на преговорите- објаснува професорката.
Целото интервју со професорката Чавкоска гледајте го утре на „Pressing Tv“.
Comments are closed for this post.