Европската комисија бара од власта пописот да биде одржан во согласност сo регулативите и стандардите на ЕУ.
Ана Писонеро, портпаролот на ЕК во изјава за „Република“ вели дека знаат за недостатоците на процесот и дека очекуваат тие да бидат отстранети.
Земјите-кандидатки се охрабруваат да спроведат попис во согласност со регулативите на ЕУ, како дел од претпристапните подготовки. Применливото законодавство на ЕУ ја дефинира референтната година и програмата на статистичките податоци и метаподатоците, техничките спецификации на темите што треба да бидат опфатени во пописот. Дефинирани се и дефектите и модалитетите и структурата на извештаите за квалитет и техничкиот формат за пренос на податоци.-вели Писонеро за „Република“
Comments are closed for this post.