Кичевецот Шеќерим Ахмеди зад кој стои името на Ел Чека денеска објави нови прислушувани разговори за функционери од ДУИ.
Тој тврди дека на снимката се слушаат гласовите на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, и на Муса Џафери, кои наводно договараат вработување на партиски кадри.
„Градоначалникот на општината има еден предмет кај тој судијата и треба да му ја вработиме ќерката“, се слуша од снимката.
Ел Чека претходно објави дека поседува повеќе од 6 илјади прислушувани разговори. Тврди дека ги добил од припадници на групата осудени во случајот „Диво Насеље“. Дел од профилите со ова име на фејсбук веднаш беа отстранети, но веднаш потоа беа креирани нови со иста слика и име.
Обвинителството го товари Ахмеди за неовластено прислушување и тонско снимање.
Comments are closed for this post.