Уште десетина „бомби“ утрово беа објавени на профилот на Ел Чека. Гласовите кои се слушаат на снимките тврди дека  се на високи функционери на ДУИ.

Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени како криминалци или Заев ќе падне!“, пишува утринава објавувачот на новите бомби.

Тој предупреди дека ќе продолжи со објавување на нови „бомби“, најавувајќи дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ. Ел Чека тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н. Кумановска група.

Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет. Тој постојано на профилот каде што ги објавува „бомбите“, објавува и фотографии. Дури има дадено и интервјуа за албанси медиуми преку кои порача дека не се плаши од екстрадиција  и нема да запре со објавување на фондот од 6000 снимки.