Целосно конституиран Парламент е кога покрај верификацијата на мандатите на пратеницте ќе се избере комисија за избори и именувања и најважното, претседател на Собранието.

Ваков е ставот на експертите што „Пресинг ТВ“ ги консултираше по дилемите се појавија дали откако не се избра претседател на Законодавниот дом, Собранието може да се смета за конституирано.

Претседавачот Џафери и Кабинетот на претседателот Пендаровски се со различни ставови. Џафери смета дека  без избран прв човек на Собранието нема конституиран Парламент и оти затоа се уште не испратил известување до шефот на државата Стево за формирањето на Парламентот со што би почнале да течат десетте дена за доделување на мандатот.