Целосно конституиран Парламент е кога покрај верификацијата на мандатите на пратеницте ќе се избере комисија за избори и именувања и најважното, претседател на Собранието.
Ваков е ставот на експертите што „Пресинг ТВ“ ги консултираше по дилемите се појавија дали откако не се избра претседател на Законодавниот дом, Собранието може да се смета за конституирано.
Претседавачот Џафери и Кабинетот на претседателот Пендаровски се со различни ставови. Џафери смета дека без избран прв човек на Собранието нема конституиран Парламент и оти затоа се уште не испратил известување до шефот на државата Стево за формирањето на Парламентот со што би почнале да течат десетте дена за доделување на мандатот.
Comments are closed for this post.