Моделот на реформа што го предлага работната група на МОН е идентичен (односно – е плагијат!) на наставните планови на приватното училиште НОВА, укажуваат повеќе експерти со кои разговаравме.

Со ова, пишува Експрес.мк, веќе нема дилеми дека наставниот план не е креиран по урнек на финскиот, ниту на словенечкиот, ниту на планот на која било друга земја, кон што требаше да се насочи вниманието јавноста.

Проверката на наставните планови на Финска и Словенија покажа дека во нив постојат поединечни предмети: историја, географија, биологија, физика, хемија, како и музичка и ликовна уметност.

Згора на тоа, според експертите кои во оваа фаза од дебатата сакаат да останат анонимни, во финскиот систем постои и предметот „религија“, кој во предлог-наставниот план е предложен за укинување. Во ниту еден од наведените системи нема „сексуално образование“ како посебен предмет.

Откако падна во вода приказната за образование по терк на Финска и Словенија, МОН почна да се повикува на разни планови ширум Европа и Америка.

Во државите кои се во непосредно опкружување на Република Македонија, во источна Европа, во Германија, Велика Британија и во нордиските држави, како и во најголем дел држави во САД, на кои се повикаа составувачите на програмата – набројаните предмети постојат.

Системите се различни, но – јазикот на соодветната држава, странскиот јазик, математиката, историјата и физичкото воспитание ги има секаде. Значи, набројаните предмети постојат и во првопосочените држави, како и во оние што беа посочени подоцна, кога почна да се чувствува притисокот од јавноста.

Посочените предлог-планови од МОН, или т.н. „реформа“, се всушност планот според кој работи приватното училиште НОВА, тврдат луѓе кои долго време работат во македонскиот образовен систем.

Ова откритие го наметнува и прашањето дали приватното училиште НОВА знае за ова?

Доколку во изработката учествувале лица од приватното училиште НОВА, се наметнува прашањето дали плагијатот е препишан со дозвола на раководството на НОВА, или без нивно знаење и учество.

И во тој случај, во што се состои реформата, ако препишете наставен план од приватно средно училиште, и за спроведување на планот бидат потрошени 21,5 милиони евра!!!

Според Светската банка (http://wrld.bg/gczp30rorEw), „Новиот проект финансиран од Светска банка ќе обезбеди поддршка за учениците во основното образование во Македонија, вклучувајќи ги и Ромите, девојчињата и другите маргинализирани групи, преку воведување на подобри услови за учење и преку подобри училишта.

Со новиот Проект за подобрување на основното образование со вредност од 21,5 милиони евра, ќе се поддржи и “спроведувањето на современ систем за професионален развој и напредување во кариерата на наставниците, директорите и мултидисциплинарните тимови за професионална поддршка во основното образование.“

МОН мора неизоставно да ги обелодени „експертите“, од кои дел видовме, но дел не излегоа во јавноста и со тоа фрлија сенка на контроверзниот концепт.

Нивните биографии треба да се стават на увид на јавноста, за да видиме кој точно го реформира нашиот образовен систем.

Тогаш ќе стане појасна и уште една работа: дали составувачите добиле политички насоки за укинување на т.н. национална група предмети (историја, географија, музичко образование, ликовно образование) по 75 години постоење во самостојната македонска држава, како и на предметите хемија, физика и биологија, кои постојат во слична форма дури и пред тоа.

Компарација МОН – НОВА

Предложени предмети со
Концепцијата (реформата) на МОН

Наставни предмети по наставен план на приватното училиште НОВА
1.
Македонски / Албански / Турски / Српски / Босански јазик
Македонски јазик
2.
Македонски јазик за другите заедници

3.
Математика
Алгебра 1 = Математика
4.
Природни науки
Природни науки
5.
Општествени науки
Општествени науки
6.
Англиски јазик
Англиски јазик
7.
Техника, технологија и информатика
Information and Communication Technology
8.
Уметничко образование

Уметност
9.
Физичко и здравствено образование
Физичко образование
10.
Втор странски јазик
Втор странски јазик
11.
Општествена работа
Community service
12.
Фотографија
Фотографија
13.
Сексуално образование
нема
14.
Слободни изборни предмети
Слободни изборни предмети

To graduate, students (except IBDP candidates) must earn 24 credits:
English (4):
Native Language (only for North Macedonian citizens: 4, whose total load stands at 28)
Foreign Language (2)
Mathematics (3)
(1)
Natural Sciences (3)
Social Sciences and Humanities (3)
Fine and Performing Arts (2)
Physical Education (1.5)
Electives (3)
Other requirements (1.5)

HS COURSE CATALOG

LANGUAGE ARTS – ENGLISH LANGUAGE AND LITERATURE
LANGUAGE ARTS – NATIVE LANGUAGES AND LITERATURE
MODERN WORLD LANGUAGES
MATHEMATICS
INFORMATION AND COMMUNICATION TECHNOLOGY
NATURAL SCIENCES
SOCIAL SCIENCES AND HUMANITIES
FINE AND PERFORMING ARTS
PHYSICAL EDUCATION
NON-CREDIT RESOURCE PROGRAMS

Извор:

https://nova.edu.mk/graduation_requirements.aspx

https://nova.edu.mk/Content.aspx?id=73&course=75