По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија во реакција за МИА порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.
Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка“’, се вели во писмената реакција на Европската Комисија.
Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство“.
Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања“, стои во кусото соопштение од Европската Комисија.
Comments are closed for this post.