Нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С.Македонија и тоа е прво понижување кон државата и Уставот на државата…Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја-јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес и слично, но сите се согласуваме со демократијата. И демократијатаа вели тоа е новиот Устав, што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашата интеграција во НАТО и ЕУ, и државата кон уставното име на државата, кажува за секој поединец каков е всушност… Уште еднаш, апелирам на почитување на Уставот и законите во државата, а секако тоа е обврска и на политичките субјекти…

 

Меѓутоа, откако пратеникот и екс-министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го објави документот на МВР, што бил испратен до МНР во врска со дипломатскиот скандал со извлекувањето на ерменскиот „Вице Заев“, стана повеќе од јасно дека укажувањето на премиерот Заев, всушност, е чисто лицемерие.

Зашто, употребата на кратенката РС Македонија, не може да се сведе само на политичките субјекти, што беа предмет на критика, туку таа и институционално се користела!

Во документот убаво се гледа дека потпишаниот виш инспектор Синиша Велковски, на почетокот пишува:

„Од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка до Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР на Р.С.Македонија…“.

А, со овој документ биле запознати и вицепремиерот и поранешен министер за надворешни работи Никола Димитров и техничкиот премиер и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според премиерот Заев, и овие најмалку двајца претставници на власта прифаќајќи ја кратенката ја понижиле и државата и Уставот, а со тоа покажале и какви поединци се всушност.

Покрај ова, веќе може да се смета дека употребата на кратенката Р.С.Македонија од страна на политичките субјекти во институциите на системот стана пракса и има целосен легитимитет. Дотолку повеќе што таа не е спротивна со Договорот од Преспа.