„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш, бе лепотице“, пее Дарко Лешоски опевајќи ги фините момци кои вреди да се чуваат. Но, овој текст е порака до првиот човек на македонското земјоделите и ги документира „фините“ државни службеници.
Позиција до позиција набројани на отворениот фејсбук профил, на кој десно од позициите, стои фотографиката со позава. Поза и позиции кои немаат ништо заедничко, освен фактот дека државните институции се девалвирани до нивото подржано од дланките на сликава. Овој расчепен државен службеник е раководител на сектор за агрохемија, кабинетски службеник за земјоделство и помлад соработник за меѓународна соработка и аналитика во министерстово на Љупчо Николовски Путерот.
Comments are closed for this post.