Вистина е дека Теута Арифи, со поддршка на Мијалков и Заев, во Тетово го донесе Дака Давидовиќ, а лага со опашка на Груби е дека таа донела вакцини, пишува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на Фејсбук.
Пишувајќи за кандидатурата на Теута Арифи за градоначалничка на Тетово во трет мандат, Хајредини потсети на изјавата на Заев дадека на локалните избори пред четири години кога за глас за Теута на селаните од Мала Речица им ветувал дека ќе им го изгради училиштето што не го изградила Арифи.
Секако, жителите на Мала Речица се уште немаат училиште во селото.
Од друга страна, аферата за македонските бизнис-релации на контроверзниот црногорски бизнисмен ја отвори опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а како партнери на Дака ги посочи актуелнииот премиер, неговиот близок соработник, поранешен енсек на Владата Драги Рашковски, Зоки Кичеец…
Comments are closed for this post.