Ќе разговараме колку што треба. Сто години не сме го завршиле националното обединување. Бугарски национален интерес е меѓу Охрид и Црно Море да нема граница, меѓу Охрид и Црно Море живее еден народ, бугарски народ.“
Ова во емисијата „Ова утро“ на БТВ го изјави бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО, Ангел Џамбаски.
Основен повод за разговорот, пак, беше изјавата на професор Драги Георгиев, раководител на македонскиод дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за прашањата за учебниците и историјата, дека ако бугарската страна настојува да се напише дека Гоце Делчев е бугарски револуционер тогаш нема да има резултати по ова прашање. Ова, според водителот, значи дека Македонците одбиваат да го признаат Делчев како Бугарин.
Нема сомневање што бил по потекло и самосвест Ѓорѓи Николов Делчев. Историјата не можеш да ја смениш, изјави Џамбаски.
Според него, што бил еден човек, најдобро пишува самиот тој за себе си.
Гоце Делчев пишува писма на рака во кои се нарекува Бугарин. Откако бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител, неговите браќа биле во бугарските чети и загинале во бугарски битки, кој е тогаш проф. Георгиев за да ја менува историјата, изјави бугарскиот европратеник.
Тој е категоричен дека пред 1944 година нема македонска нација. Гоце Делчев загинал 40 години порано кога не постоел поимот македонска нација.
Треба да се промени начинот на кој се разгледува овој дел од историјата. Историската гледна точка е следна-до 44-та потеклото, карактерот и самосознанието на населението во Вардарска Македонија е бугарско. Потоа започнува формирањето на политичката македонска нација под притисок на Коминерната и со предавството на дел од функционерите во Софија. Тоа е неспорен факт, објасни Џамбаски.
Тој додава дека во моментов има луѓе кои се самоопределуваат како Македонци и тоа не е проблем. Но, во моментов во Северна Македонија, според самосвест, живее огромна заедница од Бугари и нивните права и интереси ќе бидат заштитени се додека има ВМРО и додека учествува во општествено-политичкиот живот.
Не можеш да издаваш посмртно лична карта со националност на починат човек, кој се изјаснил како нешто друго, вели Џамбаски.
Comments are closed for this post.