Зоран Заев продолжува да се прави ‘завалија‘. Со други зборови, недоветен. Никој не си ни
помислил дека можете да имате територијални претензии кон Бугарија, почитуван премиере.
Тоа би било премногу бесрамно, дури и за бескрајните можности на југоносталгичарската ‘фела’, пишува бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по „острите“ изјави кон Македонија,
на Фејсбук, коментирајќи ја изјавата на премиерот за подготвеноста на македонската страна со декларација да гарантира дека нема апетити кон територијата на нашиот источен сосед.
Не, не сакаме од вас да декларирате дека немате територијални претензии кон Бугарија. Не си измислувајте оправданија и ‘излези’. Сакаме од вас да не му издавате нови документи и ново државјанство на Гоце Делчев. И да престанете да се преправате дека не знаете дека Гоце Делчев се самоопределил недвосмислено, неспорно и лично. За Бугарин. Дека учел во бугарско училиште, бил бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер. И тоа е безмилосната историска вистина. Никој не ве спречува да го почитувате. Но, не и да ги срамите неговото дело и спомен со недостојни српско-комунистички игри, порачува Џамбаски.
Zoran Zaev продължава да се прави на “завалия”. Иначе казано, на недоразбрал. Никой не си е и помислял, че можете да…
Posted by Ангел Джамбазки on Monday, October 26, 2020
Comments are closed for this post.