По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, претседателот на Собранието Талат Џафери, во свое име и од име на пратениците на Собранието упати честитка до православните верници.
„На овој празничен ден, дозволете ми да Ви упатам искрени желби за добро здравје, спокој во душата и благосостојба во домот. Нека убавите празнични мисли царуваат во умот и животот, ваш и на вашите блиски и сакани. Нека духот на овој голем празник завладее во вашите души за да влее верба и надеж дека универзалните пораки на почит кон истиот а и различниот, благодарност кон Бога но и кон блиските, солидарност кон познатите но и кон непознатите, љубов кон блиските но и кон целиот човечки род, се водилки и начин на живот за сите кои живеат на оваа планета Земја. Заедно, да придонесеме за креирање на совршениот мозаик кој е цел кога ги има сите делчиња.
Почитувани граѓани, примете искрени честитки и желби за весели и убави празнични денови поминати со вашите најмили“, се вели во честитката на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Comments are closed for this post.