Бескрајни се можностите за взаемна поддршка и соработка кога се работи за традиционално искрени и добри пријателства засновани на вистински вредности и чиј мост на поврзување се граѓаните од двете земји, таквите релации можат да бидат само посилни и се разбира во корист на граѓаните, порача претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во своето обраќање на Симпозиумот „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа“.

Тој посочи дека му е чест што во негово име и од име на пратениците во Собранието има можност да го поздравам отворањето на овој значаен симпозиум на кој е присутне и претседател на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, како и да им го честита 21 декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија на нашите сограѓани припадници на турската заедница.

– Сакам да нагласам дека богатството на мултиетничките општества е токму во богатството од јазици, култури, традиции и се разбира, вредности кои претставуваат идентитет и посебност на секоја заедница поодделно и се нејзин заштитен знак а во нашата земја, тоа се рефлектира на одличен начин, рече Џафери.