По трагичната автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во која животот го загубија 14, а тешко повредени се седум лица, порака за сочувство во свое и во име на сите пратеници, испрати Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Длабоко сум трогнат и вознемирен од оваа трогателна вест и во овој горчлив миг за нашата земја, за нашите граѓани, дозволете да ја споделам болката со блиските семејства, пријателите, сограѓаните на жртвите, на повредените и сите оние што беа учесници во оваа човечка трагедија. Изразувам верба и желба ваквите тажни мигови за нашата земја, никогаш да не се повторат!
Нашите молитви се со повредените, со желба да заздрават што побрзо и да се вратат во своите домови, покрај своите блиски. Благодарност до сите граѓани и целиот медицински капацитет кои се сплотија и ја докажаа својата хуманост на дело.
Нашите мисли се со починатите,
Нека почиваат во мир! – порачува Џафери.
Comments are closed for this post.