Се обидува ли Владата да го забошоти скандалот со директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија? Откако тој се извини на Хрватска за навредите и кон државата и кон премиерот Пленковиќ, Тозија смета дека не потребно да се извини и на Словенија и Унгарија, и на првите луѓе Орбан и Јанша.

Во писмото, Тозија ги обвини порталите дека сакале екскузивност, на сметка на нарушување на добрите односи меѓу Македонија и Хрватска. Навистина смешно, небаре порталите му ги пишуваа неговите зборови дека хратскат влада е „куп на криминалци“ и „фашисти“.

Тука се поставува прашањето каде е во целата оваа работа министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот однос кон нашите пријатели од Хрватска, Унгарија и Словенија.

Димитров досега јавно не се произнесе за овој случај, ниту пак побара одговорност од Тозија за нарушување на угледот на државата како владин фунцкионер.

Димитров како шеф е најповикан да се извини на Хрватска ако се знае дека оваа пријателска земја е наш голем подджувач на Македонија а згора на тоа е актуелен претседавач со ЕУ. Истото важи и за Словенија и Унгарија.

Не така одамна, Димитров побрза да и се извини на Грција затоа што замислете, министерката за труд и социјала Рашела Михрахи стоела пред табла „Република Македонија“.

Како што се зборуваше во владини кругови, токму Димитров и беше главен заговарач Мизрахи да биде тргната од Владата. Тоа и се случи па само неколку часа пред Собранието да се распушти, министерката беше Разрешена. Се чини дека двојните стандарди на власта станаа секојдневие, без разлика дали се работи за премиер, шеф на дипломатија или пак обичен „филмаџија“.