„Бомбата“ што пратеникот Антонио Милошоски ја презентираше за лидерот на СДСМ покажува дека Зоран Заев и тоа како имал влијание врз одлуките на Врховниот суд и на Специјалното јавно обвинителство. Тоа најдобро се гледа во неговите зборови „трас трас’“ и „без Заев Врховен не може“.
Хипокризијата на поранешниот премиер најдбро се гледа и кон односот кој го имал со поранешниот претседател на Врховниот суд. На снимката Заев признава дека се договарал со претседателот за да паднат предмети кои ги води Катица Јанева.
Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка-вели Заев во бомбата.
Во 2015 Заев за Вангеловски говореше нешто сосема друго
Во местењето е вмешан и тогашен претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, обезбедуваат ревизија преку ред, и укинуваат пресуди. Сега веќе е јасно дека нема владеење на правото и правната држава. Ќе се уверите лично, во директна спрега на релација власт-правосудство.
По објавувањето на аудио материјалот Заев невешто се обиде да претстави дека ја коментира одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година.
Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство. Toa се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство-изјави Заев за „Прес 24“
Но, ретко кој верува дека на снимката Заев ги убедувал осумтемина „независни“ дека ќе ги спаси случаите од застарување по кои тие треба да одговараат.
Comments are closed for this post.