Мртов маж бил вчера пронајден во својот дом без траги на насилство. Од МВР информираат дека вчера на 09.08.2019 во 19,00 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на улица„Матија Губец“ Н.С. го пронашол починат С.Ѓ.(32),без траги на насилство. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Без траги на насилство вчера бил пронајден и маж во село Стајковци.
На 09.08.2019 во 08,36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци,скопско, бил пронајден починат без траги на насилство Д.М.(35) од с.Стајковци, кој бил со нарушено здравје.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, информираат од МВР.
Comments are closed for this post.