Две лица загинаа, додека еден претрпе тешки телесни повреди како резултат на падот на земјата при отворање на канал, објави Алсат.
Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко. Тешко повредениот работник е префрлен во болница, но не се познати повеќе детали за неговата состојба.
Несреќата се случила во близина на основното училиште „Пенко” во Чаир.
Comments are closed for this post.