Петмина повредени, од кој еден со потешки повреди е црниот епилог од вчерашната сообраќајка која се случила вчера во 11.50 часот.

Според поливијата, на локалниот пат за струшкото село Долна Белица се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од село Велешта и автомобил „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од село Октиси.

Во незгодата тешко е повредена Х.Л., а со полвреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во медицинскиот центар во Струга и во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.