Идентитетот е црвената линија за која не може да се преговара, вели министерот за надворешни за меморандумот од Бугарија-изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи по најновата уцена од страна на источниот сосед во вид на Меморандум до ЕУ.
Ова е прва поостра реакција од страна на шефот на дипломатија, но изостана реакција од најповиканиот а тоа е премиерот Зоран Заев.
Во домашните политички кругови веќе се коментира дека Заев веќе го прифатил тоа што го бара Бугарија но сега само наоѓа начин како тоа да го претстави во јавноста.
Бугарија во документот нагласува дека Заев со потпишувањето на Договорот ја прифатил таканаречената „јазична клаузула“, ја признал заедничката историја и дека не постои македонско малцинство на територијата на Бугарија.
За прашањето за јазикот, нашиот сосед вели дека македонски јазик не постоел се до 2 август 1944 година, а истиот е настанат како дијалект на бугарскиот и тврди дека со Договорот прифатено е наместо македонски јазик да стои „официјалниот јазик на земјата“. Бугарија инсистира на тоа дека документите мора да се однесуваат на „официјалниот јазик на Македонија“
Comments are closed for this post.