Претседателот на државата, Стево Пендаровски е против идејата на премиерот Зоран
Заев да оди во Софија.
Пендаровски, при гостување на телевизија Сител порача дека сѐ додека Бугарија не направи политичка Влада и не конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години, никој функционер од Македонија нема што да бараме од Софија за да преговара со спорот со Бугарија.
Моја препорака до Владата е да се задржи до секторските, акциските соработки и воопшто да не се обидува сега, во овој период, или во наредниот, ако немаат шанса да направат Влада, да направи пробив по тие прашања – изјави Пендаровски
Comments are closed for this post.