На снимката од Ла верита“ се гледа купче пари од 50 евра и потоа се гледа како излегуваат Кичеец и Бојан. Ташната ја носи Милевски и си ја префрла лесно. Вака адвокатот Сашо Дукоски го објаснува клучниот доказ на Обвинителството во случајот „Рекет“.
Сведокот Камчев воопшто не е наивен и имал помош од бугарски пријатели кои го советувале да ги дава парите во мали апоени од по 50 евра. Како е можно на таква спремна и организирана акција дека не би се снимил обвинетиот Јовановски како ги прима парите и како се наоѓа во таа соба.Дали тој се гледа во таа соба-праша Дукоски во емисијата „Што не е јасно“.
Затоа тој вели дека доколку се вештачеше мобилниот телефон на Боки ќе открише дека нема Р од рекет, ни П од пари ни В од вина.
Comments are closed for this post.