Доколку вака се поднесува обвинение за Кривично дело измама сите судови треба да стават клуч. Овде имаме лажно прикажување на факти. Беше прикажано дека хуманитарната организација Меѓународен сојуз била лага иако таа е уредно регистирана и со свои тела и затоа не може да биде лага – објасни адвокатот Сашо Дукоски на денешното рочиште во случајот Рекет 2.

Според него, двата случаи требаше да бидат во една постапка, а целта е да има две пресуди.

Каква е таа измама кога има акциски план, договор, идејно решение, меморандум за соработка, безброј состаноци. Бизнимените сакале да се изврши ова хумано дело. Мицевски е еден од најискусните во бизнисот и два дена пред поднесувањето на оваа кривична пријава во предистражна постапка вели дека верува во тој проект и оти сака да се реализира – објасни Дукоски.

Тој прашува дали некој може да го измами човекот кој цел живот се занимава со бизнис.

Таков човек не постои. Тоа е проект што го сакале двете страни. Каква црна измама? Што смени во главата на Сиљан Мицевски за поднесне крививична пријава откако влезе финаниска контрола во неговата фирма – додаде Дукоски.