Албанците во Северна Македонија имаат потреба од претседател кој ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, кој го поддржува Охридскиот договор и јазичната рамноправност и гледа партнерство во Вашингтон и Брисел, велат од ДУИ.
Заради овие причини, ние ги посетивме сите локални штабови во периодот помеѓу двата изборни круга и ги повикавме граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 мај, додека утре на 2 мај, во салата на Филхармонијата во Скопје, со почеток во 19,30 ќе одржиме централен објаснувачки собир каде лидерот на партијата Али Ахмети ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај.
На 5 мај се одлучува помеѓу белото и црното, помеѓу иднината и минатото, интеграцијата и изолацијата, рамноправноста и моноетничноста, помеѓу перспективата и регресот, западот и истокот. Бојкотот ѝ помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.
Comments are closed for this post.