Вицепремиерот Бујар Османи во однос на барањето кое дојде од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, вели дека во овој момент е најважно земјата да се фокусира на НАТО и ЕУ.
„Веднаш после референдумот имаше идеи дека треба да се оди на избори, ДУИ во тоа време иако сите анкети покажаа дека дури еден и пол пати повеќе ќе имаше поголем резултат од 2016 -та цврсто се противевме зошто сметавме дека Владата има мандат да ги реши тешките прашања и да го гарантира членството во ЕУ и НАТО. Денес рејтинзите покажуваат дека ДУИ, два и пол пати подобри резулатати ќе има од 2016-та. Но исто така стоиме на ставот дека прашањето за членство во НАТО и ЕУ да се заокружи, вели Османи.
Според него целата политичка енергија сега треба да се фокусира на заокружување на членството во НАТО и заокружување на преговорите со ЕУ, како и на економските политики.
Comments are closed for this post.