Во исто време кога СДСМ одржува Конгрес, нивниот главен коалициски партнер ДУИ во Мала Речица го свика Централниот совет. На дневен ред ќе бидат претседателските избори, конгресот на младината на интегративците, конгресот на форум на жени на партијата и регистрација на членството.
Ова е невообичаено ако се знае дека во петокот СДСМ и ДУИ се договорија да го поддржат Стево Пендаровски за заеднички кандидат за шеф на државата.
Но, лидерот Ахмети остана на ставот дека нема да оди на туѓа свадба и оти нема да се појави на Конгресот на СДСМ.
Comments are closed for this post.