ДУИ го прифати предизвикот на Зиадин Села за претседателските избори, ги охрабруваме да го прифатат и предизвикот за парламентарни избори Jа поздравуваме едногласната одлука на ДУИ да истрча со свој кандидат на  престојните претседателски избори, велат од Алијанса за албанците

Посакуваме кандидатот за претседател од редовите на ДУИ, да биде Албанец

Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворена врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат,денес со СДСМ,  вчера со ВМРО-ДПМНЕ.

Се надеваме дека одлуката на ДУИ се должи на предизвикот на претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села уптаен јавно преку медиумите, за соочување со ДУИ.

Бидејќи ДУИ го прифати овој предизвик, ги охрабруваме да го прифатат и другиот, т.е. распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските